top of page


Фестивалот започнува со „Вечер на млади музичари“ и концертот „Ехо од Македонија“, посветен на младите музички таленти и нивната афирмација.
🎷 ОХРИД ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ 2026 🎷 Фестивалот започнува со „Вечер на млади музичари“ и концертот „Ехо од Македонија“, посветен на младите музички таленти и нивната афирмација. 🎶 На сцената ќе настапат ученици и професори од ОМУ „Методи Патче“ – Охрид, заедно со детскиот хор при училиштето. 📅 27 август 2026 (четврток) 🎺 Вечер на млади музичари – „Ехо од Македонија“ 🎼 Учесници: Наум Џуклески – хармоника Љупчо Аслимоски и Даниел Чуркоски – пијано Мухамед Бајрам, Елица Рашкова, Ки


Третата вечер на Охрид Џез фестивал е резервирана за нашиот Дамјан Пејчиноски и неговиот бенд.
🎷 ОХРИД ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ 2026 🎷 29 август 2026 (сабота) 🎶 КЛАСИЧЕН ЏЕЗ 🕣 20:30 часот Третата фестивалска вечер е посветена на класичниот џез, со концерт на еден од најпознатите македонски гитаристи Дамјан Пејчиноски и неговиот бенд. 🎸 Дамјан Пејчиноски – гитара 🥁 Зоран Јагоридовски – перкусии 🥁 Дејан Милосавлевиќ – тапани 🎹 Гордан Спасовски – пијано 🎸 Горан Гешовски – бас гитара Публиката ја очекува вечер исполнета со виртуозност, импровизација и препознатлив музички изр


30 Август - Финале на Охрид Џез Фестивал со „Branko Sterpin Quartet“
🎷 ОХРИД ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ 2026 🎷 30 август 2026 (недела) 🎶 МЕЃУНАРОДНА ЏЕЗ ВЕЧЕР 🕣 20:30 часот Големото фестивалско финале носи специјален концертен проект посветен на 100-годишнината од раѓањето на две легенди на светскиот џез – Miles Davis и John Coltrane. Хрватскиот трубач Branko Sterpin го создаде проектот во чест на нивното музичко наследство, со концертна програма составена од нивни композиции, претставени преку современ музички израз. 🎺 Branko Sterpin – труба 🎹 Kristi


Охрид ЏЕЗ фестивал 2026 - ПРОГРАМА
🎷ОХРИД ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ 2026🎷 Од 27 до 30 август, Охрид ќе биде место каде што различни музички изрази ќе се сретнат во ритамот на џезот. 🎶 27 август - Вечер на млади музичари „Ехо од Македонија“. Настап на учениците и професорите од ОМУ „Методи Патче“ – Охрид 🎶 28 август - Етно џез вечер Сашко Костов и Орхидеја Дукова – дуо 🎶 29 август - Класичен џез Дамјан Пејчиноски - гитара Зоран Јагоридовски – перкусии Дејан Милосавлевиќ – тапани Гордан Спасовски – пијано Горан Гешовски


Фотогалерија - Вечер на ЖИВКО ЧИНГО во Велгошти
Во Велгошти се одржа културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, во амбиентот на црквата „Св. Петка“ се чествуваше творештвото и книжевното наследство на големиот македонски писател Живко Чинго Настанот беше исполнет литература, уметност и сеќавање на еден од најзначајните македонски писатели. 📸 Погледнете ја фотогалеријата и пренесете ја атмосферата од свечената вечер низ фотографиите.


Вечер на Живко Чинго – традиционална културна манифестација во Велгошти
На 13 август 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во атарот на црквата „Св. Петка“ во село Велгошти ќе се одржи традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“. Манифестацијата е посветена на творештвото и книжевното наследство на Живко Чинго, еден од најзначајните македонски писатели, чие дело претставува значаен дел од македонската книжевна и културна традиција. Во автентичниот амбиент под отворено небо, посетителите ќе имаат можност да бидат дел од вечер и


Фотогалерија: Свечената музичка вечер „Деца сме на Климента“
Во Охрид се одржа Свечената музичка вечер „Деца сме на Климента“, посветена на одбележувањето на 1110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа. Настанот беше исполнет со музика, свеченост и почит кон духовното и културното наследство на Свети Климент Охридски, оставајќи уште една значајна трага во програмата посветена на овие два големи јубилеи. 📸 Погледнете ја фотогалеријата и пренесете ја атмосферата од свеч


Покана и програма по повод 1110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа
По повод одбележувањето на 1110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа, Општина Охрид организира богата културна, духовна и научна програма која ќе се реализира во периодот од 5 до 9 август на повеќе локации низ градот. Во рамки на програмата ќе се одржат свечени чествувања, промоции на книги, изложби, концерти, научни собири и други настани посветени на животот, делото и непроминливото значење на Свети Климе


Фотогалерија: „Ноќ спроти Илинден“ во Велгошти
Во пресрет на големиот македонски празник Илинден, во Велгошти се одржа традиционалната манифестација „Ноќ спроти Илинден“, која привлече голем број посетители и создаде прекрасна атмосфера исполнета со музика, традиција и заедништво. Во продолжение погледнете дел од атмосферата низ фотографии од настанот, кој уште еднаш ја потврди важноста на негувањето на културното наследство и традиционалните вредности.


Општина Охрид го празнува ИЛИНДЕН
Општина Охрид го слави ИЛИНДЕН! Илинден е симбол на слободата, храброста и заедништвото – ден кој со гордост го одбележуваме и го пренесуваме на идните генерации. Ве покануваме на богатата програма што Општина Охрид ја организира по повод 2 Август – Денот на Републиката. 📅 1 и 2 август Погледнете ја програмата и дојдете заедно да го одбележиме овој голем македонски празник, да им оддадеме почит на илинденците и да уживаме во програмата подготвена за сите генерации.


Алумни концерт по повод 60 години Факултет за музичка уметност – Скопје
21 јули 2026 | 21:00 часот Црква „Св. Софија“ – Охрид Во рамки на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, ќе се одржи свечениот „Алумни“ концерт по повод 60 години од основањето на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Концертот ќе обедини повеќе генерации истакнати музички уметници, алумни на Факултетот за музичка уметност, кои со своите врвни интерпретации ќе го одбележат значајниот јубилеј – шест децении посветени на музичкото


Словачка вечер – „Охридско лето 2026“
Во рамки на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во Словачка вечер, посветена на богатата музичка традиција на оваа европска земја. На концертот ќе настапи Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар Жилина (ŠKO Žilina), еден од препознатливите камерни состави од Словачка, кој преку своите изведби ја претставува убавината и елеганцијата на камерната музика. Публиката ќе има можност да ужива во внимателно из


Балетска претстава „Кармен свита и Болеро“ – Бизе / Равел
Во рамки на фестивалот „Охридско лето 2026“, публиката ќе има можност да проследи импресивна балетска вечер со две врвни дела од класичната музика – „Кармен свита“ од Жорж Бизе и „Болеро“ од Морис Равел. Претставата ја носи Опера и театар „Мадленијанум“ од Србија, а кореографијата е дело на Александар Илиќ. „Кармен свита“ ја пресоздава познатата приказна за Кармен – симбол на слободниот дух, страста и неизбежната судбина, преку моќта на танцот и впечатливата музика на Бизе. В


Камерен оркестар на Националната опера и балет
Во рамки на фестивалот „Охридско лето 2026“, љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во концертот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет. Формиран во 2010 година, Камерниот оркестар на НОБ обединува врвни музичари и солисти од составот на Националната опера и балет, создавајќи препознатлив звук и квалитетни изведби на дела од класичниот репертоар. На концертот, под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, публиката ќе има можност да пр


Австриска вечер на „Охридско лето“! Концерт на Trio Van Beethoven
Во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“, публиката ќе има можност да ужива во Австриска вечер, на која ќе настапи реномираниот ансамбл TrioVanBeethoven од Австрија. Концертот е дел од богатата меѓународна програма на 66. издание на фестивалот и претставува уште една можност љубителите на класичната музика да проследат врвни уметници на една од најпрестижните културни манифестации во земјата. Концертот ќе се одржи на 24 јули 2026 година (петок), со почет


Шпанска вечер на „Охридско лето“ – концерт на VibrArt Trio од Шпанија
Во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“, публиката ќе има можност да ужива во Шпанска вечер, на која ќе настапи реномираното VibrArt Trio од Шпанија, составено од Хуан Перез Флористан (пијано), Фернандо Ариас Фернандез (виолончело) и Мигел Колом Куеста (виолина). Концертот ќе се одржи на 25 јули 2026 година (сабота), со почеток во 21:00 часот, во црквата „Св. Софија“ – едно од најпрепознатливите концертни места во рамките на фестивалот „Охридско лето“.


Британска вечер на „Охридско лето“!Концерт на пијанистката Исата Кане-Мејсон
Во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“, љубителите на класичната музика ќе имаат можност да присуствуваат на Британска вечер, на која ќе настапи истакнатата британска пијанистка Исата Кане-Мејсон. Концертот ќе се одржи на 26 јули 2026 (недела), со почеток во 21:00 часот, во црквата „Св. Софија“ – еден од највпечатливите концертни простори во Охрид. Исата Кане-Мејсон е меѓународно призната пијанистка, позната по својата исклучителна музикалност и настап


Промоција на песнарката „Охридски музички бисерник“
Љубителите на македонската музичка традиција се поканети на промоцијата на песнарката „Охридски музички бисерник“, авторско дело на Андреј Лаброски. Ова значајно издание претставува вреден придонес во зачувувањето и афирмацијата на охридското музичко наследство, собирајќи на едно место дел од богатата традиција на градот. Промоцијата ќе биде можност посетителите поблиску да се запознаат со ова дело и неговото значење за македонската музичка култура. 📅 Датум: 15 јули 2026 (ср


65. Балкански фестивал. Четири вечери посветени на фолклорот и традицијата
Оваа година, Балканскиот фестивал одбележува значаен јубилеј – 65 години постоење, продолжувајќи ја својата мисија за промоција и негување на традиционалната музика, песна и фолклор од Македонија и Балканот. Во периодот од 3 до 6 јули 2026 година, публиката ќе има можност да ужива во настапите на реномирани фолклорни ансамбли и културно-уметнички друштва од Македонија, Албанија, Бугарија и Хрватска. Сите фестивалски вечери ќе се одржат во НУ Центар за култура „Григор Прличев“


