Детска музичка претстава „Ивица и Марица“ во рамки на проектот „Културата расте со децата“
- Jul 9
- 1 min read
Во рамки на проектот „Културата расте со децата“, оваа недела најмладите ги очекува една од најомилените детски бајки – „Ивица и Марица“.
Станува збор за музичка театарска претстава исполнета со песна, игра, многу смеа и поучна приказна за храброста, добрината и љубовта. Со својата динамична изведба и интересни ликови, претставата ќе ги воодушеви и децата и возрасните.
📅 Датум: 10 јули 2026 (петок)
🕗 Време: 20:00 часот
📍 Локација: Плоштад „Вангел Наумоски“ (Мини Маркет), Охрид
🎟️ Влезот е слободен.
Ги покануваме сите деца и родители да бидат дел од уште една незаборавна вечер исполнета со детска радост, музика и театар.





Comments