„К-15: Од другата страна“ го отвора Drive-in Cinema во Охрид
- Jun 17
- 1 min read
Културолошка Иницијатива „5 до 12“ ве поканува на уникатно филмско доживување во рамки на настанот „Drive-in Cinema“ – летно кино со автомобили, кое ќе се одржи од 22 до 24 јуни 2026 година во Касарна Охрид.
Три летни вечери исполнети со филмска магија, дружење и незаборавна атмосфера под ѕвезденото небо. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во филмските проекции од удобноста на својот автомобил, во амбиент кој потсетува на традиционалните drive-in кина.
Програмата започнува на:
📅 22 јуни 2026 (понеделник)
🎞 „К-15: Од другата страна“ (2025)
🎥 Режија: Ико Каров
⏰ Влезот ќе биде отворен од 19:30 часот, а проекцијата започнува во 21:00 часот.
🎬 По почетокот на проекцијата нема да биде дозволено влегување.
🎟️ Цена на билет: 500 денари по автомобил🎟️ Билетите се достапни во Shilla Coffee и на влезот.
Повеќе информации:





Comments