top of page
КултураОхрид.png

„Распеана чаршија“ со ВИС Билјана на 30 јуни во Охрид

  • Jun 17
  • 1 min read

На 30 јуни, охриѓани и посетителите на градот ќе имаат можност да уживаат во музичкиот проект „Распеана чаршија“,во организација на музичката група ВИС Билјана.


Настанот ќе започне во 19:30 часот со свечено дефиле низ Охридската чаршија, кое ќе внесе празнична атмосфера и ќе ги оживее старите градски улици со музика и песна.


Програмата продолжува во 20:00 часот со концерт кај Чинарот, каде ВИС Билјана ќе настапи со репертоар исполнет со македонски староградски и народни песни, создавајќи вечер посветена на традицијата, музиката и духот на Охрид.


Ги покануваме сите љубители на македонската музика да бидат дел од оваа уникатна музичка прошетка и концертна вечер во срцето на градот.


📅 Датум: 30 јуни

🕢 Дефиле низ Охридската чаршија: 19:30 часот

🎶 Концерт кај Чинарот: 20:00 часот


Ве очекуваме


Comments


КултураОхрид.png

Следи ја културата.

Доживеј го Охрид.

  • Instagram
  • White Facebook Icon

Проектот е финансиран од Општина Охрид

© 2026 Културен информатор. Сите права се задржани.

created by Creatista.mk

bottom of page