top of page
КултураОхрид.png

Фотогалерија: Промовирана книгата „Охридска книжевна школа“ од проф. д-р Димитар Пандев

  • Aug 6
  • 1 min read

Во рамки на програмата по повод 1110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа, денес во Охрид се одржа промоцијата на книгата „Охридска книжевна школа“, чиј автор е проф. д-р Димитар Пандев.


Книгата е во издание на Општина Охрид, а нејзин уредник е Митре Велјаноски. За делото говореа промоторите м-р Перчо Божиновски и проф. д-р Бобан Карапејовски, кои ја истакнаа неговата вредност и значење за проучувањето и афирмацијата на Охридската книжевна школа.


Свеченоста беше збогатена со изведбата на монологот „Деца сме на Климента“, во интерпретација на актерот Владо Дојчиноски, како и со настапот на детскиот црковен хор „Плаошник“, кои придонесоа за достоинствена и свечена атмосфера.


📸 Во продолжение погледнете ја фотогалеријата од настанот.



 
 
 

Comments


КултураОхрид.png

Следи ја културата.

Доживеј го Охрид.

  • Instagram
  • White Facebook Icon

Проектот е финансиран од Општина Охрид

© 2026 Културен информатор. Сите права се задржани.

created by Creatista.mk

bottom of page