top of page


Општина Охрид го празнува ИЛИНДЕН
Општина Охрид го слави ИЛИНДЕН! Илинден е симбол на слободата, храброста и заедништвото – ден кој со гордост го одбележуваме и го пренесуваме на идните генерации. Ве покануваме на богатата програма што Општина Охрид ја организира по повод 2 Август – Денот на Републиката. 📅 1 и 2 август Погледнете ја програмата и дојдете заедно да го одбележиме овој голем македонски празник, да им оддадеме почит на илинденците и да уживаме во програмата подготвена за сите генерации.


The Pale, Stale, Straight White Male - AMOS GILL - Summer Comedy Marathon ’26 - НУЦК “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ - ОХРИД
Шоуто на Amos Gill ќе се реализира на 21 јули, денот на отворањето на 8-миот интернационален фестивал на комедијата "Summer Comedy Marathon" 2026 во Охрид. Свежо по спектакуларните настапи како поддршка на Jim Jefferies на неговата европската турнеја, фатете го AMOS GILL со неговото наградувано соло стенд-ап шоу„The Pale, Stale, Straight White Male" во Скопје и Охрид! Секогаш урнебесен, повеќекратно наградуваниот Amos Gill никогаш не отстапува кога треба остро да ги „боцне“ н


ЦРН ХУМОР 1 – Summer Comedy Marathon ’26 -JAZZ INN
ЦРН ХУМОР – Summer Comedy Marathon ’26 Вечер на брутални шеги кои НЕ СЕ ЗА СЕКОЈ. На 22.08.2026 во Jazz Inn ве очекува стендап вечер со црн хумор, остри шеги, непријатна смеа и комедија што оди таму каде што другите не сакаат ни да погледнат. Ова не е шоу за чувствителни души. Ова е вечер за публика што знае дека хуморот понекогаш боли — ама затоа најсилно се смее. На сцената ќе настапат: Никола Тодороски Никола Братучед Сиљаноски Зоран Донев Илија Богданоски Датум: 22.07.202


22 Јули | Свечено отворање на Beach Film Festival 2026
Beach Film Festival започнува со свечено отворање и првата фестивалска вечер исполнета со европски филмски остварувања. Публиката ќе има можност да ужива во внимателно избрана програма и во уникатната атмосфера што ја нуди фестивалот покрај Охридското Езеро. 📌 Во продолжение погледнете ја програмата за 22 јули.


„ТРЕБА ДА РАЗГОВАРАМЕ“ со Sin na Majka и 1chovek.
Ова шоу е само со резервации на 075 283 066!!!! Стендап шоу „ТРЕБА ДА РАЗГОВАРАМЕ“со Sin na Majka и 1chovek На 23.07.2026 во Cuba Libre ве очекува стендап шоу „ТРЕБА ДА РАЗГОВАРАМЕ“ — вечер со искрен хумор, директни муабети и комедија што отвора теми за кои сите имаме што да кажеме. На сцената ќе настапат Sin na Majka и 1chovek, а за гостопримството ќе се погрижи Никола Тодороски. Подгответе се за вечер со многу смеа, добра атмосфера и комедија што оди директно во суштината.


23 Јули | Втора фестивалска вечер
Втората вечер на Beach Film Festival продолжува со нови филмски проекции и богата фестивалска програма. Љубителите на европската кинематографија ќе имаат можност да проследат уште една вечер исполнета со квалитетни филмови и незаборавна атмосфера. 📌 Во продолжение погледнете ја програмата за 23 јули.


2 Mothers Brothers & 2 Cousins – Summer Comedy Marathon 2026
Подгответе се за вечер исполнета со смеа, музика и врвна забава во уникатниот амбиент на Monastery Winery. Во рамки на осмото издание на Summer Comedy Marathon 2026, публиката ќе има можност да го проследи популарното комично кабаре шоу „2 Mothers Brothers & 2 Cousins“ – препознатлив спој на стендап комедија, музика, скечеви и сатирични моменти. На сцената ќе настапат Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Никола Јосифовски и Јане Тодороски, кои преку оригинални текстови, музи


24 Јули | Трета фестивалска вечер
Фестивалската програма продолжува и на третиот ден со нов избор на филмови кои носат различни приказни, емоции и современи европски филмски автори. Beach Film Festival повторно ги обединува љубителите на седмата уметност на уникатните фестивалски локации во Охрид. 📌 Во продолжение погледнете ја програмата за 24 јули.


„Криза средњих година“ – стенд-ап комедија на Небојша Грујиќ во Струга
Во рамките на Summer Comedy Marathon 2026, љубителите на стенд-ап комедијата ќе имаат можност да уживаат во шоуто „Криза средњих година“, во изведба на познатиот српски комичар Небојша Грујиќ. Со препознатливиот стил, искрен хумор и секојдневни ситуации во кои многумина ќе се препознаат, Небојша Грујиќ носи комично патување низ предизвиците на средните години, ветувајќи вечер исполнета со смеа и одлична забава. 📅 Датум: 25 јули 2026 (сабота) 🕗 Време: 20:00 часот 📍 Локација


25 Јули | Четврта фестивалска вечер
Четвртата вечер од фестивалот носи нови филмски проекции и уште едно незаборавно кино-доживување под отворено небо. Beach Film Festival продолжува да ја слави европската кинематографија низ внимателно селектирана програма. 📌 Во продолжение погледнете ја програмата за 25 јули.


„SEX SHOW 1“ – Summer Comedy Marathon 2026
Љубителите на стенд-ап комедијата ги очекува вечер исполнета со многу смеа и добра забава. Во рамките на Summer Comedy Marathon 2026, во Охрид ќе се одржи претставата „SEX SHOW 1“, во која настапуваат Никола Тодороски, Зоран Донев и Никола Сиљаноски – Братучед. Настанот ќе се одржи на 26 јули 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Jazz Inn – Охрид. Публиката ја очекува динамична вечер исполнета со хумор, импровизација и препознатливите стенд-ап настапи на тројцата комичар


26 Јули | Завршна вечер на Beach Film Festival 2026
Последниот фестивалски ден го заокружува овогодинешното издание на Beach Film Festival со финални филмски проекции и свечено затворање. По пет дена исполнети со филмска уметност, дружење и незаборавни летни вечери, фестивалот го спушта своето завеса до следното издание. 📌 Во продолжение погледнете ја програмата за 26 јули.


Ohrid Cocktail Festival 2026!Дводневен фестивал на коктели, музика и забава
Овој викенд Охрид ќе биде домаќин на Ohrid Cocktail Festival 2026, дводневен фестивал кој ќе понуди врвна музичка програма, атрактивно бар-шоу и незаборавна атмосфера. Фестивалот ќе се одржи на 3 и 4 јули 2026 година во Хотел Палас – Охрид, каде посетителите ќе имаат можност да уживаат во дегустација на премиум пијалаци, музички настапи и богата забавна програма. 📅 Агенда Петок | 3 јули 2026 18:00 часот🍸 Bar Show – двочасовна дегустација на премиум пијалаци и коктели. 20:00


„К-15: Од другата страна“ го отвора Drive-in Cinema во Охрид
Културолошка Иницијатива „5 до 12“ ве поканува на уникатно филмско доживување во рамки на настанот „Drive-in Cinema“ – летно кино со автомобили, кое ќе се одржи од 22 до 24 јуни 2026 година во Касарна Охрид. Три летни вечери исполнети со филмска магија, дружење и незаборавна атмосфера под ѕвезденото небо. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во филмските проекции од удобноста на својот автомобил, во амбиент кој потсетува на традиционалните drive-in кина. Програмата започн


Етно Фестивал: Концерт на Габриела Новевска „Малој моме цвеќе брало“(обновено)
Во рамки на програмата на Етно Фестивал, на 30 јуни со почеток во 20:00 часот, во прекрасниот амбиент на предворјето на црквата „Света Софија“, ќе се одржи концертот „Малој моме цвеќе брало“ на Габриела Новевска. Публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со македонска традиционална музика, етно звуци и автентични музички интерпретации кои го негуваат и промовираат богатото културно наследство. Настанот претставува уникатна можност за љубителите на традиционалната м


Drive-in Cinema: „Враќање на Жикина Династија“ во Касарна Охрид
Во рамки на програмата на Drive-in Cinema, на 24 јуни 2026 година љубителите на филмот ќе имаат можност да уживаат во проекцијата на комедијата „Враќање на Жикина Династија“ (2025), во режија на Милан Коњевиќ. Настанот ќе се одржи во Касарна Охрид, каде посетителите ќе можат да го доживеат уникатното кино искуство под отворено небо од удобноста на својот автомобил. 📅 Датум: 24 јуни 2026 (среда) 🎞 Филм: „Враќање на Жикина Династија“ (2025) 🎥 Режија: Милан Коњевиќ ⏰ Влезот ќ


Самостојна изложба на охридскиот уметник Тони Попов по повод 15 години од самостојните претставувања пред публиката
🎨 По повод 15 години од своите самостојни претставувања пред публиката, охридскиот уметник Тони Попов ќе се претстави со самостојна изложба на уметнички дела. 📅 Отворање: 15 јуни 2026 📍 Изложбен салон при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид Изложбата ќе биде отворена за посетители до 28 јуни 2026 година. Добредојдовте да бидете дел од ова значајно одбележување на творечкиот пат на еден од современите охридски уметници.


Самостојна изложба на уметнички дела од Стефанија Алачкоска
🎨 Љубителите на уметноста ќе имаат можност да уживаат во самостојната изложба на уметнички дела од Стефанија Алачкоска. 📍 Локација: „Летница“ Точниот термин за отворањето ќе биде дополнително објавен. Следете нè за повеќе информации.


Самостојна изложба на Славица Танеска - „Борба без победник, отворено дело на преобразби и раскол“
🎨 Ве покануваме на отворањето на самостојната изложба на Славица Танеска „Борба без победник, отворено дело на преобразби и раскол“. 📅 13 јуни 2026 🕗 20:00 часот 📍 НУЦК „Григор Прличев“, Охрид Борба без победник – отворено дело на преобразби и раскол“ е моја 13 самостојна изложба. Темата на изложбата е поврзана со мои долгогодишни истражувања кои прво започнаа со прикажување на птици, за потоа да преминат конкретно во петли. Петлите поставени во борба се всушност само сим


