top of page


Покана и програма по повод 1110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа
По повод одбележувањето на 1110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа, Општина Охрид организира богата културна, духовна и научна програма која ќе се реализира во периодот од 5 до 9 август на повеќе локации низ градот. Во рамки на програмата ќе се одржат свечени чествувања, промоции на книги, изложби, концерти, научни собири и други настани посветени на животот, делото и непроминливото значење на Свети Климе


Меѓународна ликовна колонија „Лихнид–Охрид“ за првпат ќе се одржи во Охрид
По повод 35 години од државноста на Република Македонија, Општина Охрид за првпат организира Меѓународна ликовна колонија „Лихнид–Охрид“, која ќе се одржи во периодот од 1 до 8 септември 2026 година. На колонијата ќе учествуваат врвни ликовни уметници од земјата и странство, а целта е оваа културна иницијатива да прерасне во традиционална манифестација што ќе го збогатува културниот живот на Охрид и ќе ја промовира современата ликовна уметност. Свеченото затворање на колонија


Фотогалерија: „Ноќ спроти Илинден“ во Велгошти
Во пресрет на големиот македонски празник Илинден, во Велгошти се одржа традиционалната манифестација „Ноќ спроти Илинден“, која привлече голем број посетители и создаде прекрасна атмосфера исполнета со музика, традиција и заедништво. Во продолжение погледнете дел од атмосферата низ фотографии од настанот, кој уште еднаш ја потврди важноста на негувањето на културното наследство и традиционалните вредности.


Општина Охрид го празнува ИЛИНДЕН
Општина Охрид го слави ИЛИНДЕН! Илинден е симбол на слободата, храброста и заедништвото – ден кој со гордост го одбележуваме и го пренесуваме на идните генерации. Ве покануваме на богатата програма што Општина Охрид ја организира по повод 2 Август – Денот на Републиката. 📅 1 и 2 август Погледнете ја програмата и дојдете заедно да го одбележиме овој голем македонски празник, да им оддадеме почит на илинденците и да уживаме во програмата подготвена за сите генерации.


The Pale, Stale, Straight White Male - AMOS GILL - Summer Comedy Marathon ’26 - НУЦК “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ - ОХРИД
Шоуто на Amos Gill ќе се реализира на 21 јули, денот на отворањето на 8-миот интернационален фестивал на комедијата "Summer Comedy Marathon" 2026 во Охрид. Свежо по спектакуларните настапи како поддршка на Jim Jefferies на неговата европската турнеја, фатете го AMOS GILL со неговото наградувано соло стенд-ап шоу„The Pale, Stale, Straight White Male" во Скопје и Охрид! Секогаш урнебесен, повеќекратно наградуваниот Amos Gill никогаш не отстапува кога треба остро да ги „боцне“ н


ЦРН ХУМОР 1 – Summer Comedy Marathon ’26 -JAZZ INN
ЦРН ХУМОР – Summer Comedy Marathon ’26 Вечер на брутални шеги кои НЕ СЕ ЗА СЕКОЈ. На 22.08.2026 во Jazz Inn ве очекува стендап вечер со црн хумор, остри шеги, непријатна смеа и комедија што оди таму каде што другите не сакаат ни да погледнат. Ова не е шоу за чувствителни души. Ова е вечер за публика што знае дека хуморот понекогаш боли — ама затоа најсилно се смее. На сцената ќе настапат: Никола Тодороски Никола Братучед Сиљаноски Зоран Донев Илија Богданоски Датум: 22.07.202


22 Јули | Свечено отворање на Beach Film Festival 2026
Beach Film Festival започнува со свечено отворање и првата фестивалска вечер исполнета со европски филмски остварувања. Публиката ќе има можност да ужива во внимателно избрана програма и во уникатната атмосфера што ја нуди фестивалот покрај Охридското Езеро. 📌 Во продолжение погледнете ја програмата за 22 јули.


„ТРЕБА ДА РАЗГОВАРАМЕ“ со Sin na Majka и 1chovek.
Ова шоу е само со резервации на 075 283 066!!!! Стендап шоу „ТРЕБА ДА РАЗГОВАРАМЕ“со Sin na Majka и 1chovek На 23.07.2026 во Cuba Libre ве очекува стендап шоу „ТРЕБА ДА РАЗГОВАРАМЕ“ — вечер со искрен хумор, директни муабети и комедија што отвора теми за кои сите имаме што да кажеме. На сцената ќе настапат Sin na Majka и 1chovek, а за гостопримството ќе се погрижи Никола Тодороски. Подгответе се за вечер со многу смеа, добра атмосфера и комедија што оди директно во суштината.


23 Јули | Втора фестивалска вечер
Втората вечер на Beach Film Festival продолжува со нови филмски проекции и богата фестивалска програма. Љубителите на европската кинематографија ќе имаат можност да проследат уште една вечер исполнета со квалитетни филмови и незаборавна атмосфера. 📌 Во продолжение погледнете ја програмата за 23 јули.


24 Јули | Трета фестивалска вечер
Фестивалската програма продолжува и на третиот ден со нов избор на филмови кои носат различни приказни, емоции и современи европски филмски автори. Beach Film Festival повторно ги обединува љубителите на седмата уметност на уникатните фестивалски локации во Охрид. 📌 Во продолжение погледнете ја програмата за 24 јули.


„Криза средњих година“ – стенд-ап комедија на Небојша Грујиќ во Струга
Во рамките на Summer Comedy Marathon 2026, љубителите на стенд-ап комедијата ќе имаат можност да уживаат во шоуто „Криза средњих година“, во изведба на познатиот српски комичар Небојша Грујиќ. Со препознатливиот стил, искрен хумор и секојдневни ситуации во кои многумина ќе се препознаат, Небојша Грујиќ носи комично патување низ предизвиците на средните години, ветувајќи вечер исполнета со смеа и одлична забава. 📅 Датум: 25 јули 2026 (сабота) 🕗 Време: 20:00 часот 📍 Локација


25 Јули | Четврта фестивалска вечер
Четвртата вечер од фестивалот носи нови филмски проекции и уште едно незаборавно кино-доживување под отворено небо. Beach Film Festival продолжува да ја слави европската кинематографија низ внимателно селектирана програма. 📌 Во продолжение погледнете ја програмата за 25 јули.


„SEX SHOW 1“ – Summer Comedy Marathon 2026
Љубителите на стенд-ап комедијата ги очекува вечер исполнета со многу смеа и добра забава. Во рамките на Summer Comedy Marathon 2026, во Охрид ќе се одржи претставата „SEX SHOW 1“, во која настапуваат Никола Тодороски, Зоран Донев и Никола Сиљаноски – Братучед. Настанот ќе се одржи на 26 јули 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Jazz Inn – Охрид. Публиката ја очекува динамична вечер исполнета со хумор, импровизација и препознатливите стенд-ап настапи на тројцата комичар


Британска вечер на „Охридско лето“!Концерт на пијанистката Исата Кане-Мејсон
Во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“, љубителите на класичната музика ќе имаат можност да присуствуваат на Британска вечер, на која ќе настапи истакнатата британска пијанистка Исата Кане-Мејсон. Концертот ќе се одржи на 26 јули 2026 (недела), со почеток во 21:00 часот, во црквата „Св. Софија“ – еден од највпечатливите концертни простори во Охрид. Исата Кане-Мејсон е меѓународно призната пијанистка, позната по својата исклучителна музикалност и настап


26 Јули | Завршна вечер на Beach Film Festival 2026
Последниот фестивалски ден го заокружува овогодинешното издание на Beach Film Festival со финални филмски проекции и свечено затворање. По пет дена исполнети со филмска уметност, дружење и незаборавни летни вечери, фестивалот го спушта своето завеса до следното издание. 📌 Во продолжение погледнете ја програмата за 26 јули.


Промоција на песнарката „Охридски музички бисерник“
Љубителите на македонската музичка традиција се поканети на промоцијата на песнарката „Охридски музички бисерник“, авторско дело на Андреј Лаброски. Ова значајно издание претставува вреден придонес во зачувувањето и афирмацијата на охридското музичко наследство, собирајќи на едно место дел од богатата традиција на градот. Промоцијата ќе биде можност посетителите поблиску да се запознаат со ова дело и неговото значење за македонската музичка култура. 📅 Датум: 15 јули 2026 (ср


Ohrid Cocktail Festival 2026!Дводневен фестивал на коктели, музика и забава
Овој викенд Охрид ќе биде домаќин на Ohrid Cocktail Festival 2026, дводневен фестивал кој ќе понуди врвна музичка програма, атрактивно бар-шоу и незаборавна атмосфера. Фестивалот ќе се одржи на 3 и 4 јули 2026 година во Хотел Палас – Охрид, каде посетителите ќе имаат можност да уживаат во дегустација на премиум пијалаци, музички настапи и богата забавна програма. 📅 Агенда Петок | 3 јули 2026 18:00 часот🍸 Bar Show – двочасовна дегустација на премиум пијалаци и коктели. 20:00


Пријавете се на Музичката летна работилница 2026
Доколку имате помеѓу 10 и 18 години и сакате да го надградите вашето музичко знаење и да ги усовршите своите вештини, ова лето имате одлична можност да бидете дел од Музичката летна работилница 2026. Работилницата ќе се одржи во периодот од 6 до 10 јули 2026 година во Младинскиот центар – Охрид и ќе понуди пет дена исполнети со музика, учење, практична работа и креативно дружење. Учесниците ќе работат под менторство на дипломирани професори од музичка академија, кои ќе обезбе


„К-15: Од другата страна“ го отвора Drive-in Cinema во Охрид
Културолошка Иницијатива „5 до 12“ ве поканува на уникатно филмско доживување во рамки на настанот „Drive-in Cinema“ – летно кино со автомобили, кое ќе се одржи од 22 до 24 јуни 2026 година во Касарна Охрид. Три летни вечери исполнети со филмска магија, дружење и незаборавна атмосфера под ѕвезденото небо. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во филмските проекции од удобноста на својот автомобил, во амбиент кој потсетува на традиционалните drive-in кина. Програмата започн


