top of page


„Распеанo Рибарче“ – детски концерт
Детската програма продолжува со музика и песна! Во рамки на проектот „Културата расте со децата“, на 11 септември ќе се одржи детскиот концерт „Распеанo Рибарче“. Најмладите посетители ќе имаат можност да уживаат во весела музичка програма и да бидат дел од уште една детска културна вечер под отворено небо. 📅 11 септември 2026 🕢 19:30 часот 📍 Плоштад „Вангел Наумоски“ – Мини маркет


Промоција на детската сликовница „Охридски Градинарчиња“
Во рамки на проектот „Културата расте со децата“, на 11 септември на плоштадот „Вангел Наумоски“ – Мини маркет ќе се одржи промоција на детската сликовница „Охридски Градинарчиња“. Автор и промотор на сликовницата е Роза Костеска, која преку ова дело на најмладите им нуди приказна исполнета со детска фантазија и љубов кон Охрид. 📅 11 септември 2026 🕢 19:30 часот 📍 Плоштад „Вангел Наумоски“ – Мини маркет


Со завршна изложба заокружена Меѓународната ликовна колонија „Лихнид – Охрид“
Со завршната изложба која се одржа на 7 септември 2026 година, во пресрет на празникот 8 Септември – Денот на независноста, беше заокружена Меѓународната ликовна колонија „Лихнид – Охрид“, во организација на Општина Охрид. Во текот на колонијата, Охрид беше место на средба на уметници од земјава и странство, кои создаваа нови дела инспирирани од градот, неговата култура, историја и природниот амбиент. Завршната изложба на едно место ги претстави делата создадени во текот на к


Меѓународна џез вечер – завршница на Охрид Џез Фестивал 2026
Со меѓународната џез вечер на 30 август, свечено заврши овогодинешното издание на Охрид Џез Фестивал 2026. Завршната вечер беше посветена на 100-годишнината од раѓањето на легендите на светскиот џез – Miles Davis и John Coltrane. Пред охридската публика настапи Branko Sterpin Quartet, во состав Branko Sterpin – труба, Kristian Terzić – пијано, Zvonimir Šestak – контрабас и Adriano Bernobić – тапани, со специјалниот гостин Vojkan Jocić, еден од истакнатите хрватски тенор-саксо


Класичен џез со Дамјан Пејчиноски на Охрид Џез Фестивал 2026
Третата вечер на Охрид Џез Фестивал 2026, на 29 август, беше посветена на класичниот џез, со концерт на еден од најпознатите македонски гитаристи Дамјан Пејчиноски и неговиот бенд. Пејчиноски, заедно со Зоран Јагоридовски – перкусии, Дејан Милосавлевиќ – тапани, Гордан Спасовски – пијано и Горан Гешовски – бас гитара, пред охридската публика изведоа авторски композиции и познати џез стандарди. Вечерта беше исполнета со виртуозност, импровизација и современ музички израз, во а


Етно-џез вечер на Охрид Џез Фестивал 2026
Втората вечер на Охрид Џез Фестивал 2026, на 28 август, беше посветена на етно-џезот и уникатниот спој на традиционалната македонска музика со современиот џез израз. Пред охридската публика настапија Сашко Костов и Орхидеја Дукова – дуо, приредувајќи концерт исполнет со импровизација, богата звучна палета и современи аранжмани. Музиката ги поврза македонските музички корени со современите етно-џез текови, создавајќи препознатлива атмосфера и уште една незаборавна фестивалска


Првата вечер од ЏЕЗ ФЕСТИВАЛОТ посветена на младите музичари
Со концертот „Ехо од Македонија“, на 27 август започна овогодинешното издание на Охрид Џез Фестивал. Првата фестивалска вечер беше посветена на младите музички таленти, со настап на учениците и професорите од ОМУ „Методи Патче“ – Охрид, заедно со детскиот хор при училиштето. Преку нивните изведби, публиката имаше можност да ужива во музичка вечер исполнета со талент, ентузијазам и младешка енергија, со цел да се поттикне и афирмира новата генерација музичари. 📸 Погледнете ја


МЕЃУНАРОДНА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „ЛИХНИД – ОХРИД“
Од 1 до 9 септември, Охрид ќе биде домаќин на првата Меѓународна ликовна колонија „Лихнид – Охрид“, во организација на Општина Охрид. На колонијата ќе учествуваат 17 ликовни уметници од земјава и странство, кои преку својот уметнички израз ќе создаваат инспирирани од Охрид, неговото културно наследство и уникатниот амбиент. Во продолжение запознајте ги уметниците кои ќе бидат дел од оваа уметничка приказна. Анета Гајос (Полска) е акварелистка, графичарка и независна уметница.


ОДРЖАН ПРВИОТ ДЕТСКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ „ОХРИДСКИ ЕЗЕРСКИ БРАНОВИ“ (ФОТО)
Во рамките на програмата „Културата расте со децата“, во организација на Општина Охрид, се одржа првиот Детски фолклорен фестивал „бранови“, по повод Меѓународниот ден на фолклорот. Преку песна, оро и прекрасни народни носии, најмладите ја претставија богатата македонска фолклорна традиција и покажаа дека нашето културно наследство има сигурна иднина. Со ваквите настани создаваме простор децата уште од најрана возраст да ја запознаваат, почитуваат и продолжуваат традицијата ш


Фестивалот започнува со „Вечер на млади музичари“ и концертот „Ехо од Македонија“, посветен на младите музички таленти и нивната афирмација.
🎷 ОХРИД ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ 2026 🎷 Фестивалот започнува со „Вечер на млади музичари“ и концертот „Ехо од Македонија“, посветен на младите музички таленти и нивната афирмација. 🎶 На сцената ќе настапат ученици и професори од ОМУ „Методи Патче“ – Охрид, заедно со детскиот хор при училиштето. 📅 27 август 2026 (четврток) 🎺 Вечер на млади музичари – „Ехо од Македонија“ 🎼 Учесници: Наум Џуклески – хармоника Љупчо Аслимоски и Даниел Чуркоски – пијано Мухамед Бајрам, Елица Рашкова, Ки
bottom of page
