Класичен џез со Дамјан Пејчиноски на Охрид Џез Фестивал 2026
- 2 days ago
- 1 min read
Третата вечер на Охрид Џез Фестивал 2026, на 29 август, беше посветена на класичниот џез, со концерт на еден од најпознатите македонски гитаристи Дамјан Пејчиноски и неговиот бенд.
Пејчиноски, заедно со Зоран Јагоридовски – перкусии, Дејан Милосавлевиќ – тапани, Гордан Спасовски – пијано и Горан Гешовски – бас гитара, пред охридската публика изведоа авторски композиции и познати џез стандарди.
Вечерта беше исполнета со виртуозност, импровизација и современ музички израз, во атмосфера која ја потврди разновидноста и квалитетот на овогодинешното фестивалско издание.
📸 Погледнете ја целосната фото галерија од третата вечер на Охрид Џез Фестивал 2026.




Comments