Меѓународна џез вечер – завршница на Охрид Џез Фестивал 2026
- 1 day ago
- 1 min read
Со меѓународната џез вечер на 30 август, свечено заврши овогодинешното издание на Охрид Џез Фестивал 2026.
Завршната вечер беше посветена на 100-годишнината од раѓањето на легендите на светскиот џез – Miles Davis и John Coltrane. Пред охридската публика настапи Branko Sterpin Quartet, во состав Branko Sterpin – труба, Kristian Terzić – пијано, Zvonimir Šestak – контрабас и Adriano Bernobić – тапани, со специјалниот гостин Vojkan Jocić, еден од истакнатите хрватски тенор-саксофонисти.
Концертната програма ги обедини композициите на Davis и Coltrane, претставени низ современ музички израз и со посебен пиетет кон нивното богато музичко наследство.
Со оваа вечер завршија четирите фестивалски денови исполнети со млади музички таленти, етно-џез, класичен џез и меѓународни музички гости, претворајќи го Охрид во место на средба на различни џез изрази.
📸 Погледнете ја целосната фото галерија од последната вечер на Охрид Џез Фестивал 2026.




Comments