Конкурс за детскиот поетски фестивал „Поетски искри“ – Охрид 2026
4 days ago
1 min read
Општина Охрид, во рамки на своите програмски активности од областа на културата, распишува конкурс за детскиот поетски фестивал „Поетски искри“ – Охрид 2026, со цел поттикнување на креативноста и афирмација на поетското творештво кај децата и младите.
Овогодинешниот конкурс е посветен на темата „Охрид и Македонија“, по повод одбележувањето на 35 години од независноста на нашата држава.
Сите заинтересирани учесници треба да ги достават своите поетски творби најдоцна до 30 ноември 2026 година, согласно условите наведени во конкурсот.
Повеќе информации и деталните услови за учество се достапни на официјалната веб-страница на Општина Охрид: www.ohrid.gov.mk.





Comments