Првата вечер од ЏЕЗ ФЕСТИВАЛОТ посветена на младите музичари
- 4 days ago
- 1 min read
Со концертот „Ехо од Македонија“, на 27 август започна овогодинешното издание на Охрид Џез Фестивал.
Првата фестивалска вечер беше посветена на младите музички таленти, со настап на учениците и професорите од ОМУ „Методи Патче“ – Охрид, заедно со детскиот хор при училиштето.
Преку нивните изведби, публиката имаше можност да ужива во музичка вечер исполнета со талент, ентузијазам и младешка енергија, со цел да се поттикне и афирмира новата генерација музичари.
📸 Погледнете ја целосната фото галерија од првата вечер на Охрид Џез Фестивал 2026.




Comments