top of page
КултураОхрид.png

Меѓународна ликовна колонија „Лихнид–Охрид“ за првпат ќе се одржи во Охрид

  • 1 day ago
  • 1 min read

По повод 35 години од државноста на Република Македонија, Општина Охрид за првпат организира Меѓународна ликовна колонија „Лихнид–Охрид“, која ќе се одржи во периодот од 1 до 8 септември 2026 година.

На колонијата ќе учествуваат врвни ликовни уметници од земјата и странство, а целта е оваа културна иницијатива да прерасне во традиционална манифестација што ќе го збогатува културниот живот на Охрид и ќе ја промовира современата ликовна уметност.

Свеченото затворање на колонијата ќе се одржи на 7 септември 2026 година, во пресрет на големиот државен празник 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. На градскиот плоштад ќе биде поставена изложба на делата создадени за време на колонијата, овозможувајќи им на граѓаните и посетителите да се запознаат со творештвото на учесниците.

Називот „Лихнид–Охрид“ симболично ги поврзува античкото и современото име на градот, истакнувајќи го неговиот историски и културен континуитет. Во логото на колонијата е вклучен грбот на Општина Охрид како симбол на организаторот, додека типографијата, инспирирана од охридските бранови, ги обединува препознатливите симболи на градот со елементите на ликовната уметност.

Автор на логото е академската сликарка м-р Славица Танеска.



КултураОхрид.png

Следи ја културата.

Доживеј го Охрид.

  • Instagram
  • White Facebook Icon

Проектот е финансиран од Општина Охрид

© 2026 Културен информатор. Сите права се задржани.

created by Creatista.mk

bottom of page