65. Балкански фестивал. Четири вечери посветени на фолклорот и традицијата
- Jul 3
- 1 min read
Оваа година, Балканскиот фестивал одбележува значаен јубилеј – 65 години постоење, продолжувајќи ја својата мисија за промоција и негување на традиционалната музика, песна и фолклор од Македонија и Балканот.
Во периодот од 3 до 6 јули 2026 година, публиката ќе има можност да ужива во настапите на реномирани фолклорни ансамбли и културно-уметнички друштва од Македонија, Албанија, Бугарија и Хрватска.
Сите фестивалски вечери ќе се одржат во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид (Голема сала), со почеток во 20:30 часот.
Програма
📅 3 јули 2026 (петок) – Свечено отворање
„Билјана платно белеше“ – КУД „Ѓердан од бисери“ – Охрид
Целовечерен концерт на НУ Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ – Скопје
📅 4 јули 2026 (сабота)
Фолклорна група „Копачка“ – Драмче, Република Северна Македонија
Фолклорен состав „Блажевски“ – Скопје, Република Северна Македонија
Фолклорен ансамбл „Деволи“ – Корча, Република Албанија
КУД „Отекс“ – Охрид, Република Северна Македонија
📅 5 јули 2026 (недела)
КУД „Тиквеш“ – Кавадарци, Република Северна Македонија
КУД „Јане Сандански“ – Неготино, Република Северна Македонија
Фолклорен ансамбл „Копривлен“ – Хаџимидово, Република Бугарија
Фолклорен ансамбл „Филиграни“ – Охрид, Република Северна Македонија
📅 6 јули 2026 (понеделник) – Свечено затворање
КУД „Дримкол“ – Вевчани, Република Северна Македонија
Државниот ансамбл на Република Хрватска „ЛАДО“ – Загреб
Ве покануваме да бидете дел од јубилејното издание на 65. Балкански фестивал и заедно да ја прославиме богатата традиција, фолклорното наследство и културната разноликост што веќе шест и пол децении го прават овој фестивал еден од најзначајните во регионот.





Comments