Алумни концерт по повод 60 години Факултет за музичка уметност – Скопје
- Jul 20
- 1 min read
21 јули 2026 | 21:00 часот
Црква „Св. Софија“ – Охрид
Во рамки на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, ќе се одржи свечениот „Алумни“ концерт по повод 60 години од основањето на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Концертот ќе обедини повеќе генерации истакнати музички уметници, алумни на Факултетот за музичка уметност, кои со своите врвни интерпретации ќе го одбележат значајниот јубилеј – шест децении посветени на музичкото образование, уметноста и создавањето на успешни музички кадри. ФМУ – Скопје е основан во 1966 година и низ своето постоење изгради генерации признати музичари и уметници.
На сцената во црквата „Св. Софија“ ќе настапат:
Катерина Костадиновска – Гелебешева,
Глигор Гелебешев,
Кристина Светиева,
Милена Арсовска,
Весна Гиновска Илкова,
Златко Македонски,
Ана Дурловски,
Игор Дурловски,
Надица Ристиќ – Симовиќ,
Дарко Багески и
Јанинка Навчева.
Публиката ќе има можност да ужива во внимателно избрана програма со дела од познати композитори, меѓу кои и Морлакки – „Швајцарскиот овчар“, во амбиентот на еден од најзначајните културно-историски објекти во Охрид.
Со овој концерт се слави богатата традиција на Факултетот за музичка уметност и неговиот придонес во развојот на македонската музичка сцена.

Фотографија е превземена од официјалната веб страна на Охридско лето!




Comments