📢 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОМЕНА НА ЛОКАЦИЈАТА
- Jun 30
- 1 min read
Почитувани љубители на македонската традиционална музика,
Ве известуваме дека поради најавените неповолни временски услови и со цел на сите посетители да им овозможиме пријатно и безбедно уживање во концертот, местото на одржување на настанот:
🎶 „Малој моме цвеќе брало“
со Габриела Новевска
се преместува во:
📍 НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид
📅 30 јуни 2026 година (вторник)
🕗 20:00 часот
🎟️ Влезот е слободен
Ве очекуваме заедно да уживаме во вечер исполнета со македонска песна, традиција и емоции во топлата атмосфера на Центарот за култура.
Ви благодариме за разбирањето и ве очекуваме!
Етно Фестивал Охрид 2026
Општина Охрид и Здружение за интегриран развој „Арт Пријатели“






Comments