Концерт „Спомени од минатиот век“. Вечер на класична музика во Охрид
- Jul 3
- 1 min read
Љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во концертот „Спомени од минатиот век“, во изведба на камерното дуо Михаил Јагуриноски и Искра Атанасов – Митуш, студенти во класата на проф. д-р Нина Костова.
Концертот ќе се одржи на 4 јули 2026 година (сабота), со почеток во 20:00 часот, во ОМУ „Методи Патче“ – Охрид.
На програмата ќе бидат изведени дела од истакнатите композитори Сергеј Рахмањинов и Џорџ Гершвин, чии композиции претставуваат значаен дел од светското музичко наследство.
Ги покануваме сите љубители на класичната музика да присуствуваат на ова музичко доживување и да уживаат во вечер исполнета со уметност, емоција и врвни изведби.
Влезот е слободен.





Comments