Балетска претстава „Кармен свита и Болеро“ – Бизе / Равел
- Jul 20
- 1 min read
Во рамки на фестивалот „Охридско лето 2026“, публиката ќе има можност да проследи импресивна балетска вечер со две врвни дела од класичната музика – „Кармен свита“ од Жорж Бизе и „Болеро“ од Морис Равел.
Претставата ја носи Опера и театар „Мадленијанум“ од Србија, а кореографијата е дело на Александар Илиќ.
„Кармен свита“ ја пресоздава познатата приказна за Кармен – симбол на слободниот дух, страста и неизбежната судбина, преку моќта на танцот и впечатливата музика на Бизе. Во вториот дел, „Болеро“ на Равел носи динамична и ритмичка кореографска композиција која постепено ја гради сценската енергија.
Со спојот на врвна балетска изведба, препознатлива музика и уникатниот фестивалски амбиент, оваа претстава претставува уште една незаборавна уметничка вечер на „Охридско лето“.
📍 Локација: Долни Сарај, Охрид
📅 Датум: 22 јули 2026
⏰ Почеток: 21:30 часот
Повеќе инфо на https://ohridskoleto.com.mk/%D0%BD%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8/baletska-pretstava-bolero/

Фотографија е превземена од официјалната веб страна на Охридско лето.




Comments