„Во светот на музиката“ – едукативно-интерактивен музички настан за деца
22 hours ago
1 min read
На 20 ноември (петок), со почеток во 19:30 часот, во Охрид Мол ќе се одржи едукативно-интерактивниот музички настан за деца „Во светот на музиката“, во организација на Билјана Николоска и Снежана К. Попова.
Настанот ги поканува најмладите на едно поинакво музичко доживување, исполнето со музика, театар, хумор и игра. Преку интерактивна програма, децата ќе имаат можност да се забавуваат, да учествуваат и да го откриваат светот на музиката на креативен и интересен начин.
Датум: 20 ноември 2026 година
Време: 19:30 часот
Локација: Охрид Мол
Организатори: Билјана Николоска и Снежана К. Попова
Настанот е дел од проектот „Културата расте со децата – За сите деца“, поддржан и финансиран од Општина Охрид.





Comments