Театар Хит Скопје со детската претстава „Добрата Маја“ во Охрид
Во рамки на проектот „Културата расте со децата – За сите деца“, на 13 ноември (петок), со почеток во 19:00 часот, во Охрид Мол ќе биде изведена детската театарска претстава „Добрата Маја“ во продукција на Театар Хит Скопје.
Станува збор за бајковита комедија за деца, исполнета со хумор, музика, интерактивни и едукативни моменти. Преку интересна приказна, оригинална сценографија, костими и театарски реквизити, претставата испраќа важна порака за правата на децата ширум светот, но и за нивните обврски.
Дејството се одвива во волшебно кралство каде што девојчето Маја доаѓа со една посебна желба – сите деца во светот да ги уживаат своите права и да имаат среќно, мирно и безгрижно детство. Низ низа комични и возбудливи случувања, Маја и кралот се обидуваат да ја остварат оваа благородна цел.
Во претставата играат Магдалена Ризова-Черних, Ема Давчева и Сашо Ристовски.
Датум: 13 ноември 2026 година
Време: 19:00 часот
Локација: Охрид Мол
Проектот „Културата расте со децата – За сите деца“ е поддржан и финансиран од Општина Охрид.





Comments