Охрид – една легенда, илјада приказни“ – креативна работилница за најмладите
22 hours ago
1 min read
На 20 ноември (петок), со почеток во 19:00 часот, во Охрид Мол ќе се одржи креативната работилница „Охрид – една легенда, илјада приказни“, во организација на Надица Н. Филипоски.
Преку мала авантура низ светот на легендите, јазикот и броевите, децата ќе имаат можност на забавен и интерактивен начин да го запознаат културното наследство на Охрид. Работилницата вклучува боенки, сложувалки, интерактивна приказна и забавни активности, со посебен акцент на љубовта кон родниот град.
Датум: 20 ноември 2026 година
Време: 19:00 часот
Локација: Охрид Мол
Организатор: Надица Н. Филипоски
Настанот е дел од проектот „Културата расте со децата – За сите деца“, поддржан и финансиран од Општина Охрид.





Comments