Дарко Биберко доаѓа во Охрид со музичка авантура за најмладите
- Jun 23
- 1 min read
Во рамки на проектот „Културата расте со децата“, Општина Охрид ги поканува најмладите сограѓани и нивните родители на музичко-забавен настан со омилениот детски лик Дарко Биберко.
Настанот ќе се одржи на 27 јуни 2026 година (сабота), со почеток во 19:00 часот, на Кеј Македонија, во дворот на Хотел Палас.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата програма исполнета со музика, игра, дружење и многу детски насмевки. Оваа музичка авантура е дел од летната програма на проектот „Културата расте со децата“, чија цел е преку различни културни и едукативни содржини да им овозможи на децата квалитетно и креативно исполнување на слободното време.
Влезот е бесплатен.
Ги покануваме сите деца и родители да бидат дел од оваа прекрасна летна вечер исполнета со радост, забава и незаборавни моменти.





Comments