top of page
КултураОхрид.png

Детска театарска претстава „Најдобриот непријател“ ќе се изведе во Охрид

  • 3 days ago
  • 1 min read

Во рамки на проектот „Културата расте со децата“, на 07 август 2026 година (петок), со почеток во 20:00 часот, на плоштадот „Вангел Наумоски“ (мини маркет) ќе се одржи детската театарска претстава „Најдобриот непријател“.

Претставата ја следи приказната за веселиот и добродушен Соник, кој пристигнува во една далечна џунгла со желба да стекне нов пријател. Наместо топло добредојде, го пречекува лавот Мики, кој има сосема поинаков план. Следува забавна и интерактивна авантура исполнета со хумор, музика, неочекувани пресврти и активна комуникација со публиката.

Низ интересна и поучна приказна, претставата ги поттикнува децата да ги препознаваат и изразуваат своите емоции, да ја разберат важноста на емпатијата, довербата, простувањето и вистинското пријателство, како и да научат дека конфликтите можат да се решаваат со разбирање и добрина.

Ги покануваме сите дечиња и нивните родители да бидат дел од оваа незаборавна театарска вечер исполнета со смеа, забава и вредни животни пораки.



Comments


КултураОхрид.png

Следи ја културата.

Доживеј го Охрид.

  • Instagram
  • White Facebook Icon

Проектот е финансиран од Општина Охрид

© 2026 Културен информатор. Сите права се задржани.

created by Creatista.mk

bottom of page