ОДРЖАН ПРВИОТ ДЕТСКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ „ОХРИДСКИ ЕЗЕРСКИ БРАНОВИ“ (ФОТО)
- 2 days ago
- 1 min read
Во рамките на програмата „Културата расте со децата“, во организација на Општина Охрид, се одржа првиот Детски фолклорен фестивал „бранови“, по повод Меѓународниот ден на фолклорот.
Преку песна, оро и прекрасни народни носии, најмладите ја претставија богатата македонска фолклорна традиција и покажаа дека нашето културно наследство има сигурна иднина.
Со ваквите настани создаваме простор децата уште од најрана возраст да ја запознаваат, почитуваат и продолжуваат традицијата што нè определува.
Културата навистина расте со децата, а заедно со нив растат љубовта кон фолклорот, чувството на припадност и почитта кон нашите корени.




Comments