Детска театарска претстава „Тетка Марулка“
- Jul 20
- 1 min read
Во рамки на проектот „Културата расте со децата“, оваа недела најмладите ги очекува детската театарска претстава – „Тетка Марулка“ во изведба на Театар Хит од Скопје.
Жанр: Комедија
Играат:
Тетка Марулка: Магдалена Ризова - Черних
Страшко Сашко - Сашо Ристовски
Дори - Ема Двачева
Кралот - Сашо Ристовски
Автор и режија : Сашо Ристовски
Сценска визуелизација: Дими
Продукција: Театар Хит Скопје 2026
Тетка Марулка е најактуелната претстава за деца која е исполнета со многу комични, интерактивни и едукативни елементи.
Целото дејство се случува во дворот на Тетка Марулка, која успева на сите да им докаже дека само со домашна одгледувана и приготвена храна може да си го сочуваме нашето здравје и здравјето на сите.
Низ многу комични моменти децата ќе уживаат во најпопуларната детска претстава ,,Тетка Марулка" во продукција на Театар Хит Скопје, заедно со јунаците од истата.
📅 Датум: 24 јули 2026 (петок)
🕗 Време: 20:00 часот
📍 Локација: Плоштад „Вангел Наумоски“ (Мини Маркет), Охрид
🎟️ Влезот е слободен.
Ги покануваме сите деца и родители да бидат дел од уште една незаборавна вечер исполнета со детска радост, музика и театар.





Comments