top of page
КултураОхрид.png

Камерен оркестар на Националната опера и балет

  • Jul 20
  • 1 min read

Во рамки на фестивалот „Охридско лето 2026“, љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во концертот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет.


Формиран во 2010 година, Камерниот оркестар на НОБ обединува врвни музичари и солисти од составот на Националната опера и балет, создавајќи препознатлив звук и квалитетни изведби на дела од класичниот репертоар.


На концертот, под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, публиката ќе има можност да проследи внимателно избрана музичка програма во уникатниот амбиент на црквата „Св. Софија“ – една од највпечатливите фестивалски сцени на Охридско лето.

Настанот претставува уште една можност за средба со врвната уметност и за доживување на класичната музика во неповторливата атмосфера на Охрид.


📍 Локација: Црква „Св. Софија“, Охрид

📅 Датум: 23 јули 2026

Почеток: 21:00 часот


Фотографијата е превземена од официјалната веб страна на Охридско лето.
Фотографијата е превземена од официјалната веб страна на Охридско лето.

Comments


КултураОхрид.png

Следи ја културата.

Доживеј го Охрид.

  • Instagram
  • White Facebook Icon

Проектот е финансиран од Општина Охрид

© 2026 Културен информатор. Сите права се задржани.

created by Creatista.mk

bottom of page