Фотогалерија: Промовирана книгата „Охридска книжевна школа“ од проф. д-р Димитар Пандев
- Aug 6
- 1 min read
Во рамки на програмата по повод 1110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа, денес во Охрид се одржа промоцијата на книгата „Охридска книжевна школа“, чиј автор е проф. д-р Димитар Пандев.
Книгата е во издание на Општина Охрид, а нејзин уредник е Митре Велјаноски. За делото говореа промоторите м-р Перчо Божиновски и проф. д-р Бобан Карапејовски, кои ја истакнаа неговата вредност и значење за проучувањето и афирмацијата на Охридската книжевна школа.
Свеченоста беше збогатена со изведбата на монологот „Деца сме на Климента“, во интерпретација на актерот Владо Дојчиноски, како и со настапот на детскиот црковен хор „Плаошник“, кои придонесоа за достоинствена и свечена атмосфера.
📸 Во продолжение погледнете ја фотогалеријата од настанот.




Comments