Шпанска вечер на „Охридско лето“ – концерт на VibrArt Trio од Шпанија
- Jul 20
- 1 min read
Во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“, публиката ќе има можност да ужива во Шпанска вечер, на која ќе настапи реномираното VibrArt Trio од Шпанија, составено од Хуан Перез Флористан (пијано), Фернандо Ариас Фернандез (виолончело) и Мигел Колом Куеста (виолина).
Концертот ќе се одржи на 25 јули 2026 година (сабота), со почеток во 21:00 часот, во црквата „Св. Софија“ – едно од најпрепознатливите концертни места во рамките на фестивалот „Охридско лето“.
VibrArt Trio е ансамбл кој се истакнува со врвни интерпретации на камерната музика и настапува на престижни концертни сцени низ Европа. Нивниот концерт ветува вечер исполнета со музичка виртуозност, емоција и богат репертоар, достоен за програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.
📅 Датум: 25 јули 2026 (сабота)
🕘 Време: 21:00 часот
📍 Локација: Црква „Св. Софија“, Охрид




Comments