top of page


Ohrid Cocktail Festival 2026!Дводневен фестивал на коктели, музика и забава
Овој викенд Охрид ќе биде домаќин на Ohrid Cocktail Festival 2026, дводневен фестивал кој ќе понуди врвна музичка програма, атрактивно бар-шоу и незаборавна атмосфера. Фестивалот ќе се одржи на 3 и 4 јули 2026 година во Хотел Палас – Охрид, каде посетителите ќе имаат можност да уживаат во дегустација на премиум пијалаци, музички настапи и богата забавна програма. 📅 Агенда Петок | 3 јули 2026 18:00 часот🍸 Bar Show – двочасовна дегустација на премиум пијалаци и коктели. 20:00


65. Балкански фестивал. Четири вечери посветени на фолклорот и традицијата
Оваа година, Балканскиот фестивал одбележува значаен јубилеј – 65 години постоење, продолжувајќи ја својата мисија за промоција и негување на традиционалната музика, песна и фолклор од Македонија и Балканот. Во периодот од 3 до 6 јули 2026 година, публиката ќе има можност да ужива во настапите на реномирани фолклорни ансамбли и културно-уметнички друштва од Македонија, Албанија, Бугарија и Хрватска. Сите фестивалски вечери ќе се одржат во НУ Центар за култура „Григор Прличев“


Концерт „Спомени од минатиот век“. Вечер на класична музика во Охрид
Љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во концертот „Спомени од минатиот век“, во изведба на камерното дуо Михаил Јагуриноски и Искра Атанасов – Митуш, студенти во класата на проф. д-р Нина Костова. Концертот ќе се одржи на 4 јули 2026 година (сабота), со почеток во 20:00 часот, во ОМУ „Методи Патче“ – Охрид. На програмата ќе бидат изведени дела од истакнатите композитори Сергеј Рахмањинов и Џорџ Гершвин, чии композиции претставуваат значаен дел од светск


📢 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОМЕНА НА ЛОКАЦИЈАТА
Почитувани љубители на македонската традиционална музика, Ве известуваме дека поради најавените неповолни временски услови и со цел на сите посетители да им овозможиме пријатно и безбедно уживање во концертот, местото на одржување на настанот: 🎶 „Малој моме цвеќе брало“ со Габриела Новевска се преместува во: 📍 НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид 📅 30 јуни 2026 година (вторник) 🕗 20:00 часот 🎟️ Влезот е слободен Ве очекуваме заедно да уживаме во вечер исполнета


„Забава со кловните КИКИ и ЗОКИ“
Во рамки на проектот „Културата расте со децата“, Општина Охрид ги поканува сите деца и нивните родители на веселата интерактивна програма „Забава со кловните КИКИ и ЗОКИ“. Настанот ќе се одржи на 29 јуни 2026 година (понеделник), со почеток во 19:00 часот, на плоштад „Вангел Наумоски“ (Мини Маркет). Посетителите ќе имаат можност да уживаат во вечер исполнета со смеа, игра, забава и многу изненадувања. Кловните КИКИ и ЗОКИ ќе приредат интерактивна програма која ќе ги вклучи н


Пријавете се на Музичката летна работилница 2026
Доколку имате помеѓу 10 и 18 години и сакате да го надградите вашето музичко знаење и да ги усовршите своите вештини, ова лето имате одлична можност да бидете дел од Музичката летна работилница 2026. Работилницата ќе се одржи во периодот од 6 до 10 јули 2026 година во Младинскиот центар – Охрид и ќе понуди пет дена исполнети со музика, учење, практична работа и креативно дружење. Учесниците ќе работат под менторство на дипломирани професори од музичка академија, кои ќе обезбе


Дарко Биберко доаѓа во Охрид со музичка авантура за најмладите
Во рамки на проектот „Културата расте со децата“, Општина Охрид ги поканува најмладите сограѓани и нивните родители на музичко-забавен настан со омилениот детски лик Дарко Биберко. Настанот ќе се одржи на 27 јуни 2026 година (сабота), со почеток во 19:00 часот, на Кеј Македонија, во дворот на Хотел Палас. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата програма исполнета со музика, игра, дружење и многу детски насмевки. Оваа музичка авантура е дел од летната програма на пр


„К-15: Од другата страна“ го отвора Drive-in Cinema во Охрид
Културолошка Иницијатива „5 до 12“ ве поканува на уникатно филмско доживување во рамки на настанот „Drive-in Cinema“ – летно кино со автомобили, кое ќе се одржи од 22 до 24 јуни 2026 година во Касарна Охрид. Три летни вечери исполнети со филмска магија, дружење и незаборавна атмосфера под ѕвезденото небо. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во филмските проекции од удобноста на својот автомобил, во амбиент кој потсетува на традиционалните drive-in кина. Програмата започн


Етно Фестивал: Концерт на Габриела Новевска „Малој моме цвеќе брало“(обновено)
Во рамки на програмата на Етно Фестивал, на 30 јуни со почеток во 20:00 часот, во прекрасниот амбиент на предворјето на црквата „Света Софија“, ќе се одржи концертот „Малој моме цвеќе брало“ на Габриела Новевска. Публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со македонска традиционална музика, етно звуци и автентични музички интерпретации кои го негуваат и промовираат богатото културно наследство. Настанот претставува уникатна можност за љубителите на традиционалната м


Drive-in Cinema: „Диџеј Ахмет“ во Касарна Охрид
Во рамки на програмата на Drive-in Cinema, на 23 јуни 2026 година ќе биде прикажан филмот „Диџеј Ахмет“ (2025), во режија на Георги М. Унковски. Филмската проекција ќе се одржи во Касарна Охрид, нудејќи им на посетителите можност да уживаат во кино под отворено небо од удобноста на својот автомобил. 📅 Датум: 23 јуни 2026 (вторник) 🎞 Филм: „Диџеј Ахмет“ (2025) 🎥 Режија: Георги М. Унковски ⏰ Влезот ќе биде отворен од 19:30 часот, а проекцијата започнува во 21:00 часот. 🎬 По
bottom of page
